Фолк-пејачката Ана Бекута, вечера настапи во Валандово каде го отпеа безбременкиот хит „Стариот џуммбушлија“. Таа беше во љубов со сега починатиот, поранешен српски министер, Милутин Мркоњиќ Мрка, и во интервју откри дека и била многу заљубена во него и дека страста била подеднакво силна како и на почетокот.
„Најважни се љубовта, почитта и поддршката. Тоа нè одржуваше сите овие години. Секако дека за успешна врска е важна и страста. Јас можам да се пофалам дека во нашата врска секогаш имаше страст. Или, што би рекол покеон Милутин, мерата ни е „три пати на ден“. Но до сега сме немале криза во врската, дури ни некој поголем проблем“, рекла пејачката за српските медиуми уште во времето кога нејзиниот Мрка беше жив.
Бекута, која неколку години е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, на почетокот не сакаше да зборува за љубовта со Мрка, особено што во јавноста се коментираше дека таа врска нема да опстои. Но, подоцна таа често зборуваше за се што е врзано со него. Особено ја погоди неговата смрт, а и заради негова љубов се врати на музиката.