По породувањето, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ бргу си ја врати совршената линија.
На социјалните мрежи Ана објави фотографија во зелен фустан и розова маица, комбинирана со розови штикли.
Ана ужива во друштво на својот сопруг, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
Благодарение на гените, но и здравиот начин на живеење, поранешната тенисерка многу бргу успеа да си ја врати совршената фигура што некогаш ја имаше на тениските терени.
Фановите под фотографијата споделија грст комплименти фалејќи ја дека изгледа одлично.