Ана Ивановиќ во најмодерното бикини на сезоната

Ана Ивановиќ е поактивна на социјалните мрежи од кога било, а како што сме навикнати, фокусот е на нејзиниот совршен изглед.

Познатата тенисерка Ана Ивановиќ не престанува да воодушевува на социјалните мрежи. Откако се појави веста за нејзиниот наводен развод од Бастијан Швајнштајгер, убавата Србинка го привлекува вниманието на сите медиуми.

Ана претходно споделуваше фотографии од нејзиниот приватен живот, па нејзините објави честопати беа модна инспирација за многу девојки, а сега позираше и во прекрасен костим за капење. Како што може да се види од локацијата што ја постави, Ана отпатува на Маврициус и избра модел за капење кој сигурно ќе стане вистински хит ова лето.

 

Станува збор за едноделен модел кој има исечоци под градите, така што создава мала оптичка илузија и дополнително го нагласува струкот на секоја жена.

Scroll to Top