Ана Кокиќ и Никола Раѓeн се разведоа на Божик

Српската пејачка Ана Кокиќ и нејзиниот сопруг, ватерполистот Никола Раѓeн, се разведоа вчера, на Божик, по 10 години брак. Според медиумите, во декември тој ги поднел документите за развод, а тие вчера потпишале спогодбена разделба и официјално се развеле.

„Никола мораше да се врати во Москва, каде што игра за ‘Динамо’, па затоа мораа да се разведат на Божик. Тие и порано имаа проблеми, но успева да ги надминат. Често се зборуваше дека се разведуваат, Ана доаѓаше кај мајка ѝ со децата, но секогаш си даваа шанса. Мислам дека таа не е задоволна од бракот бидејќи Раѓeн последните неколку години е отсутен од дома поради неговата кариера. Целта им е сè да решат во мир, без никакви проблеми“, изјавила пријателка на Ана за српски „Курир“.

Никола, пак, за медиумите рекол дека тој и Ана наскоро ќе се обратат до јавноста со соопштение.

Scroll to Top