Српската пејачка Ана Николиќ ѝ купи коњ на својата ќерка Тара. Подарокот е за третиот роденден на ќеркатата, а белиот коњ со пеги чини 8.000 евра, според пишувањата на српските медиуми.
„Ана порано одеше редовно на белградскиот хиподром. Јавањето беше нејзино хоби, ама го запостави. Бидејќи сега нема настапи, таа реши повторно да се дружи со коњите и се труди оваа љубов да ѝ ја пренесе на Тара“, велат нејзини блиски. На Тара многу ѝ се допаднал коњот. „Ја праша мајка си дали може да го однесат дома. Ана само се смееше, а потоа реши да го купи“, пишуваат медиумите.