Балканската музичка двојка Ана Николиќ и Стефан Џуриќ Раста и официјално се разведоа. Како една од причините за разделбата се смета дека е откривањето на пејачката дека нејзиниот сопруг поседува стан во Врачар, каде во моментов живее. Пејачката ќе го добие целосното старетелство над нивната малолетна ќерка.
„Успеаа да се договорат околу разводот. На Ана ќе и припадне целосното старателство над малолетната ќеркичка Тара. Иако се шпекулираше дека поделбата на имотот ќе биде проблем, тие се договорија, куќата која заедно ја изградија да и припадне на Тара кога ќе порасне. Ана не се побунила. Единствениот услов на Раста бил да ја гледа ќеркичката Тара кога ќе посака. Ана на тоа не се противела, затоа што знае колку детето го обожава својот татко. На пејачката и е важно финансиски да не зависи од Раста. Таа сака самата да си ги заработува парите, нешто во што ќе и помогне и нејзиниот брат Марко. Марко е менаџер на Раста и тој му ги закажа сите настапи за наредната година. Двајцата не сакаат да ја прекинат соработката. И на Раста и на Ана најважно им е Тара што побезболно да го мине разводот и добие целосна љубов и внимание од двајцата родители“, открива извор близок до семејството.