Ана Николиќ и Раста официјално се разведоа

Ана и Раста ги потпишаа договорите за развод.

Како и што најави популарната двојка, вчера и дефинитивно се разведоа без никаква расправија, и брзо се договорија околу износот на алиментација и старателство над ќерката Тара.

Пејачката и раперот потпишаа договор за развод, а Раста на Николиќ ќе ѝ плаќа месечна алиментација од околу 2000 евра.

„Кога сфатија дека заедничкиот живот е невозможен, почнаа да зборуваат за ќерката Тара и нејзината иднина. Таа има 3,5 месеци и потребни ѝ се мајка и татко, а поради тоа што повеќе нема да бидат двојка, важно е нормално да комуницираат за детето да нема трауми. На бебето местото му е со мајка му, така што Раста не ни помисли да бара старателство, а Ана сака Раста да биде колку е можно повеќе присутен во нејзиниот живот, па му рекла дека може да ја посетува кога ќе посака“, вели извор близок до некогашната брачна двојка.

Адвокатот Боривој Боровиќ вели дека во својата долга кариера не видел ваков фин развод.

Точно е дека вчера беше потпишан договор за развод на бракот меѓу Ана Николиќ и Стефан Џуриќ. Во својата долга правничка кариера досега немам видено вака фин развод. Се разведоа поради несогласувања во карактерите, но се согласија во сè друго, поради тоа што најважно им е детето да не ги трпи последиците од нивното разделување. Ана бараше алиментацијата да изнесува 500 евра, но Раста инсистираше да биде 2000 евра, а имотот да не го делат. Детето ќе живее со мајката, а таткото ќе може да го гледа секој ден на еден час или да ја земе на цел ден ако така претходно се договорат“, изјави Боровиќ.

 

 

Scroll to Top