Ана Николиќ ја објави диетата со која ослабна 50 килограми и повторно стана згодна

Српската пејачка Ана Николиќ успеа да ослаби повеќе од 50 килограми,  и откри на кој начин ја регулирала тежината и како изгледа нејзината диета.

„Мојата тајна како ослабев. Најважно е внесувањето течности. Имам своја утринска рутина. Штом станам, пијам 2 чаши вода. Понекогаш со лимон, а понекогаш и без. После тоа следи мојот појадок, најчесто јајце на око со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби и само свежа салата или житарки. За време на ручекот јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглехидратите (бело брашно), се придржувам до внес на калории од 1000kcal до 1200kcal. Сосема се откажав од слатките. Од месо исто така, освен од рибата. Ако ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица нутела и си замислувам дека сум изела сè. Губењето на вишокот килограми е психичка работа“, вели таа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Во прилог менито според кое се придржувала Николиќ во текот на диетата:

Појадок:

  • – 2 јајца на око со еден домат
  • – јогурт со снегулки и 1 овошје
  • – јаболко и неколку ореви
  • – кајсија / цреши со јогурт

Ручек:

  • – супа од брокула
  • – пржени пиперки со ориз
  • – лосос и спанаќ
  • – печурки со кромид и бело месо
  • – зелена салата со туна / ракчиња
  • –  спанаќ со риба

Вечера:

  • – јогурт
  • – овошје

Со сето ова секако дневен тренинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

„Човек мора цврсто да одлучи дека сака нешто да промени и на тој начин ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнувате. Со помош на апчиња за слабеење, не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Ако огладнам во доцните ноќни часови, јадам малку зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам од 2 до 3 литри вода на ден. Понекогаш и 4!“, додава Ана.

Scroll to Top