Ана Николиќ: Ќе издадам албум со кој ќе ја погребам цела естрада

Српската пејачка Ана Николиќ најави враќање на сцената, а нејзината пријателка Марина Туцаковиќ на нејзините песни.Пејачката Ана Николиќ се породи во јули оваа година и на свет ја донесе ќеркичката Тара. Таа направи пауза и многу ретко се појавуваше во медиумите. Но, пејачката откри дека се чувствува одлично и дека подготвува големо изненадување. Имено, станува збор за новиот албум, кој, според мислењето на Ана, ќе биде најдобар од сите досега.

„Се чувствувам фантастично. Ја имаме најслатката ќерка, уживаме со Тара, но секако ми недостига и сцената и полека подготвувам големо враќање. В година ќе издадам албум со кој ќе ја погребам цела естрада“, изјави Ана Николиќ и додаде дека не ѝ се допаднало на кого личи ќеркичката Тара.

 

Scroll to Top