Ана Николиќ ќе стане тетка

Српската пејачка Ана Николиќ објави на „Инстаграм“ дека набргу ќе стане тетка. Нејзиниот брат Марко Николиќ и сопругата Милица за неколку месеци ќе станат родители.

Малата Тара, ќерката на Ана Николиќ и Раста, многу бргу ќе добие братучед или братучетка, а Ана Николиќ радосната вест ја сподели со своите фанови.

„Нашето семејство набргу ќе биде побогато за уште еден член. Мојата убава снаа… Мица“, напишала Ана.

Бидејќи Ана и Раста пред неколку месеци станаа родители, многумина од нејзините фанови помислија дека српската пејачка повторно е бремена. Но, Николиќ веднаш потоа објасни дека станува збор за сестра ѝ.

 

Scroll to Top