Ана Николиќ колабираше за време на снимањето на спот во Мароко. Таа била однесена во болница со возило. Пејачката пред неколку дена замина со цела екипа во Мароко за да сними неколку видеа. Но, снимањето било прекинато заради лошата здраствена состојба на пејачката. Причината за колабсот е диетата и наглото губење на килограмите.
„ На Ана и се слоши додека снимавме. Ама и таа претереа со диетата. Снимаат дење и ноќе. Таа менува облека сто пати на ден, ја менува нејзината шминка, фризура, стајлинг, и и нема време да јаде. Малку спие, работи многу и на крај колабираше. Ана е перфекционист, таа е во состојба по сто пати да ја повтори истата сцена па наместо предвидените пет часа, таа ќе снима уште плус пет и нема да јаде ништо. Кога се сруши среде снимањето, веднаш со автомобил ја однесоа во најблиската болница. Лекарите ја прегледаа и рекоа дека е добра, но дека организмот и е исцрпен“, раскажале блиски на Ана кои се со неа во Мароко.