Ана Николиќ: Лузните на лицето се лузни на душата, објаснете му на идиотот Саша Мирковиќ

Ана Николиќ излезе во јавност по неколкудневните коментари на Саша Мирковиќ и објавата на видеото на кое се гледа дека кожата на нејзиното лице не е во најдобра состојба. Таа последниве денови е во центарот на скандал откако поранешен член на Задруга ја обвини за сексуално вознемирување, а потоа самата објави дека нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ и ја украл лозинката од Инстаграм и го нарече „нечовек“. После тоа, Мирковиќ објави видео во кое таа се жали дека „на сметката има само 100 динари“ и на кое се гледаат рани и лузни на нејзиното лице, и додаде дека тоа се последиците од употребата на наркотици.

Сега Николиќ повторно се огласи и му се обрати пред се на Саша Мирковиќ: „Здраво, сака ли некој да му објасни на овој идиот дека ќе оди во затвор. Човекот тврди глупости поткрепени со ништо. Саша Мирковиќ е експерт за дрога. Ова е срам, јас и дрога… Навистина нема смисла, се згрозувам од зборот. Нема да соработувам со вакви луѓе“, додаде Николиќ.

Таа потоа им се заблагодари на луѓето кои ја поддржуваат: “Огромна благодарност до сите што ми испратија толкава поддршка. Понекогаш не сум ни свесна колку од вас ме сакаат. Знаете дека не сум многу зборлеста која е во прашање мојот приватен живот, што не значи дека не поминав низ бури. Јас не ја прифаќам улогата на жртва .Отсекогаш сум била победничка! Но човекот се изморува и најсилниот паѓа. Не е точно дека тоа што не те убива те прави посилен. Лузните на  лицето се само мал показател за лузните на душата“, напиша Ана во продолжението и повторно се наврати на приказната за наркотиците:

„Одвратно е и не е место воопшто да коментирам на тема „дрога“. Прво затоа што тоа никогаш не ми бил начин на живот, но за последен пат ќе повторам, никогаш не сум пробала никакви опијати, никогаш. Овие лажни обвинувања, освен што ме понижуваат како личност, како мајка и како жена, ме растажуваат- напиша Ана Николиќ.

Scroll to Top