Ана Николиќ објави емотивна порака за својот покоен татко

За Ана Николиќ, денешниот датум е еден од најтажните во животот бидејќи се навршија цели дваесет години како нејзиниот татко повеќе не е меѓу живите.

Пејачката и оваа година во знак на сеќавањето на својот татко напиша емотивна порака во која ја прикажа својата тага и болка, а освен тоа, длабоко ги трогна и натажи своите обожаватели.

„20 години минаа од тој 11.5. 1998 година. Тој проклет најтажен ден. Ми недостигаш. За сè што мина, за сè што доаѓа. Не мина ниту една ноќ од овие 7.300 дена, а да не кажам дека те сакам“, напишала Ана и додала: „Знам дека си горд на Марко и на мене какви луѓе станавме. И сè што работев, работев како да си ти тука. А мама, таа те замени достојно, силно, каква што беше отсекогаш. Те сакаме!“, напишала Ана во емотивното видео со фотографии од својот татко, во кое во заднина се слушал хитот од баладата „Да те вратам“.

Scroll to Top