Ана Николиќ покажа како ослабела повеќе од 50 килограми

Пејачката Ана Николиќ во последните месеци успеа да ослабе повеќе од 50 килограми и да ја врати својата линија, која ја имаше пред да остане бремена. Таа не престана да вежба и покрај режимот на исхрана. Освен килограмите, таа направи трансформација откако  драстично ја скрати косата. Ана покажа како и понатаму тренира во својот дом.

– Кој вели дека во домот нема вежбање, има! Предавањето не е опција. Покрај режимот на исхрана, за да симнам 50 килограми беше  и вежбањето. Секој ден трчав и се уште трчам на лента. И тоа влијаеше многу на моето слабеење, изјави Ана.

Scroll to Top