Ана Николиќ се пожали со сериозен проблем на лицето, Карлеуша и Лукас и понудија помош: крени ја главата и биди силна

Пејачката Ана Николиќ се најде среде скандал кога на социјалните мрежи објави видео во кое се жали дека има сериозен проблем со лицето. Нејзиното лице со рани изгледа непрепознатливо.

„Можете ли да видите дека имам кратери на моето лице? – Ова почнува да станува кошмар. Не можам сама да го покријам ова. Имам 100 динари на сметката, ве молам да направите нешто за мојата младост. Не можам да снимам ништо со ова. Ниту пак можам да го прикријат ова. Нема шанси да се поправи ова. И од сета лутина и нервоза, погледнете како изгледам. Ова не беше вака. Ова е пекол сега“, зборува Николиќ во видеото.

Корисниците на социјалните мрежи биле загрижени за тоа што и се случува, но пејачката не коментирала како настанал проблемот со кожата.

Познатите личности почнаа да коментираат на оваа тема. Јелена Карлеуша и понудила поддршка на нејзината колешка.

„Секој може да осудува, секој има свое мислење, секој може да се потсмева и сожали, да навредува жена. Но, не секој може да биде добар човек. Ана, крени ја главата и биди силна. За себе и твоето име, за твоето семејство, за публиката која те памети во најубавиот свет и за твоето дете“, напишала Карлеуша во објава на Инстаграм.

Николиќ поддршка добила и од нејзиниот колега Аца Лукас.

„Боже, многу ми е жал за оваа жена. Направивме се за да и помогнеме да се врати. И ја однесов да ми гостува на концертот во загрепската арена и еве ја конечно вистината зошто не пееше. Па, таа пристигна на време во Загреб, се смести во хотел, јас го почнав концертот во 21 часот, логично требаше да се појави во арената најдоцна до 22 часот, бидејќи концертот трае два часа, или малку повеќе, а таа се појави во арената во 23 часот. Не ја пуштија да излезе на сцената. Со овој чин таа покажа огромно непочитување“, напиша меѓу другото Лукас, а потоа истакна дека сака да и помогне со целото свое срце.

„Сакам да и помогнам од две причини. Првата е затоа што те сакам како личност, а втората е затоа што мислев, и сеуште мислам, дека си голема ѕвезда и дека лесно можеш да се вратиш таму каде што си. И покрај сè, не сум лут на тебе и би сакал да го најдеш својот пат до заздравување и враќање на вистинскиот пат. Имав добра волја и желба. Сега ти посакувам се најдобро, но проблемот е што прво треба да си го посакуваш најдоброто за себе, но како што стојат работите, всушност си го посакуваш најлошото. Така велат вашите постапки. Жал ми е“, рекол Аца со објава на Инстаграм.

Scroll to Top