Ана Николиќ закажа царски рез: Еве кога ќе се породи пејачката!

Популарната српска пејачка Ана Николиќ во текот на вчерашниот ден го закажала царскиот рез, кој би требало да се случи во среда на Гинеколошко-акушерската клика Народен фронт.

Како што вели извор од болницата, во тек се последните подготовки за породувањето, а докторот и пејачката се убедени дека се ќе помине како што треба.

Како потсетување, пред неколку недели во медиумите се пишуваше за неточна информација дека Ана на свет донела девојче, бидејќи е видена како ја посетува болницата. Како што подоцна се дозна, пејачката била на рутинска контрола.

Scroll to Top