Ана свати дефинитивно дека претерала кога лекарите ја предупредиле на високото ниво на шеќер во крвта и притисокот – раскажува извор близок до Николиќ.Во текот на бременоста, Ана Николиќ не водела сметка за килажата, но, кога по пораѓањето застанала на вага и видела дека има 125 килограми, сватила дека веднаш мора да почне со диетата.
Откако пресреќната пејачка излезе од породилиштето, беше воочливо дека има вишок на килограми, а сега Ана цврсто реши да ослабе и да ја врати старата линија.
„Ана секогаш водела сметка за изгледот, но во последните неколку години се опушти, особено кога ја започна врската со Раста, на кого секогаш му е најубава, без оглед на килограмите. Кога забременела, го пуштила на воља својот хедонизам, и реши да јаде буквално, што сака и кога ќе и падне на памет, да еднаш во животот на себе си дозволи да оди до крај“, вели извор близок до Ана Николиќ и додава дека таа сватила дека претерала кога лекарите ја предупредија дека со тоа го загрозува своето здравје.
„Апетитот и дивеел под влијание на хормоните, но сфатила дека претерала кога лекарите ја предупредила не високото ниво на шеќер во крвта и притисокот. Килажата е лесно да ја добиете, но е тешко да ја изгубите. Ана претходно и се случувало да нафрли до десет килограми, кои успеа да ги скине со диета и тренинзи, но, ова ќе биде тешка задача. За почеток, го исфрлила од исхраната тестото, слатките и соковите, па наскоро требало да почне да слабее“, наведува изворот, и напоменува дека Ана во слабеењето ќе и помогне и нејзината мајка Милијана, која секогаш е во сјајна форма.
„Милјана е пресреќна што Ана и подарила внука, но многу е критична кон ќерката што е бремена и била толку опуштена и и рекла дека под итно мора да ослаеб десет-петнаесет килограми, таман додека се опорави од царски рез, а тогаш следат напорни тренинзи. Нејзиниот план е да Ана почне да вежба од есен и до Нова година веќе ќе личи на онаа старата, а на пролет ќе биде бомба како што секогаш била“, заклучи еден од пријателите на Николиќ.