Ана Севиќ го тужи поранешниот маж Дарко Лазиќ

Српската пејачка Ана Севиќ поднела тужба против поранешниот сопругДарко Лазиќ за неплаќање алиментација за ќерката. Според Ало.рс, пејачот не ги исполнил своите обврски уште од разводот, па сега на Ана ѝ должи околу 900.000 динари.

„Ана поднесе тужба оти Дарко од разводот не платил ништо од алиментацијата што судот му нареди да ја плаќа за поддршка на нивната заедничка ќерка. Бидејќи не се во брак повеќе од две години, таа сума порасна на 900.000 динари, па Ана реши да ги побара парите легално“, рекол изворот.

Севиќ ја поднела тужбата во тајност оти не сакала јавно да го клевети таткото на нејзината ќерка.

„Таа само сака да го добие она што судот го побара од него. За овие две години тоа се околу 8000 евра, што не е воопшто малку за издржување на детето“, објаснил изворот за „Ало“.

Scroll to Top