Пејачката Ана Севиќ ќе го тужи својот поранешен сопруг и колега Дарко Лазиќ за нарушување на угледот. Таа поднела тужба, откако Лазиќ претходно јавно изјавил дека по нивниот развод, тој ја нема видено нивната ќерка Лорен повеќе од година дена.
Ана возвратила на ваквите негови коментари, со фотографии од него и Лорен и изјавила дека правдата ќе ја бара на суд.
„Односот меѓу Ана и Дарко особено се наруши по нивниот развод. Таа долго време се обидуваше да го игнорира сето тоа што тој го прави и зборува, за да малата Лорен не почувствува дека постои некаков проблем. Иако се чинеше дека Дарко ќе ја поштед Ана од глупости и изигрување на жртва, барем додека е бремена, се испостави дека тој нема никаква почит кон неа. Ана беше шокирана кога тој изјавил дека не ја видел ќерка му повеќе од година дена. Тоа силно ја потресе, поради што реши да стави точка и да му покаже дека ги има поминато сите граници“, открива извор близок до пејачката.
„Ана со години самата се мачи и заработува за нивната ќерка и повеќе не сака да слуша дека е лоша мајка која му забранува на таткото да ја види ќерка си. Особено поради тоа што таа е таа која го молела Дарко да се види со Лорен, кога пејачот тоа го избегнуваше“, додава изворот.
„Во тужбата која Ана планира да ја поднесе до крајот на неделата нема да се споменуваат пари. Таа не сака пари и сака само достоинствено да си ја одбрани својата чест и да докаже дека Дарко излажал за сето тоа што го имал изјавено“, завршил изворот.