Анабела за ќерката Луна: Заедно минавме години во болница

Српската пејачка Анабела Атијас деновиве е во сенка на својата ќерка Луна, која учествува во реалното шоу „Задруга“. Таа вели дека ѝ е тешко што во моментов е разделена со своето прво дете.

„На Луна требаше да ѝ се случи искуство како ова реално шоу. Ако ништо друго, ќе зајакне како личност и ќе научи многу за луѓето. Таа живееше премногу заштитено од моја страна бидејќи ми е прво дете и секогаш давав сè од себе за да ја заштитам од сè што е негативно. Бев многу млада кога се роди и имаше аномалија на бешиката, па веднаш беше заведена како бубрежно болна“, рече пејачката во интервју за магазинот „Стори“. „Затоа првите неколку години од нејзиниот живот ги минавме во болница. На 16 години ги загубив родителите во војната и тие многу ми недостасуваа додека не ја добив Луна. Се обидував на Луна да ѝ овозможам сè што не можев да добијам јас“, додала Анабела.

Scroll to Top