Анастасија двапати го победи ракот, се соблече гола и ги покажа лузните

Пејачката Анастасија се врати на голема сцена со албумот „Еволушн“, кој ќе биде објавен на 15 септември.По тешката борба со ракот на дојката, американската пејачка Анастасија (48) ја победи големата болест и во голем стил се врати на сцената со новиот албум.

Анастасија битката со ракот ја водеше двапати, и двапати победи откако конечно ги отстрани двете дојки. Пејачката мина низ тешко закрепнување, но сега сето тоа сега е зад неа и, како што вели, подготвена е за нов почеток.

 

Во ноември минатата година Анастасија храбро позираше топлес за магазинот „Фолт“, а тоа го објасни со зборовите:

„Моите лузни се дел од моето патување и потсетник на сето тоа низ кое минав со мастектомијата“.

Анастасија неодамна објави и видеозапис за нејзиниот прв сингл „Caugh in The Middle“, со кој го најави новиот албум.

 

Scroll to Top