Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк-ѕвездата Светлана Ражнатовиќ, ќе започне кариера како пејачка, а автор на нејзината прва песна ќе биде Реља Поповиќ, сопругот на пејачката Николија Јовановиќ.
Додека со месеци се зборувало за тоа дека Анастасија ќе соработува со тимот на својата мајка Цеца, која веќе две децении прави хитови за неа, таа сепак на крајот се определила за Поповиќ.
„Анастасија отсекогаш сакала да пее и сите биле убедени дека кога-тогаш таа ќе се занимава со музика, со оглед на тоа дека оваа професија ѝ е во крвта. Познато е дека на сите забави и прослави таа се фаќа за микрофонот и сите зборуваат дека е наследничка на Цеца. Анастасија долго време размислувала за тоа со кој тип музика да се занимава и одлучила првата песна за неа да ја напише Поповиќ. Тој бил воодушевен кога Анастасија му се обратила за соработка. Мислам дека песната ќе ѝ се допадне и на публиката затоа што има брз ритам, а Анастасија снимила и спот. Таа со месеци преговарала и за најситните детали затоа што ѝ било важно да биде задоволна со првата песна. Најголемото изненадување следувало кога Поповиќ ѝ рекол дека тоа ќе биде негов подарок и дека ништо не му е должна. Анастасија во студиото пристигнала со Цеца, а Поповиќ ѝ рекол дека му било чест да соработува со нив и дека не сака да им наплати“, вели извор близок до семејството Ражнатовиќ.