Анастасија ќе стане заштитно лице на светски моден бренд

Анастасија Ражнатовиќ за време на нејзината посета во Париз потпишала договор за соработка со познат моден бренд. Извор близок до пејачката вели дека договорот бил потпишан на крајот на минатата година, но поради желбата на Анастасија и дел од клаузулите во договорот, името на компанијата засега не е објавено.

„На крајот на минатата година менаџерите на една светска компанија, која сè уште не è присутна на нашиот пазар, контактираа со Анастасија со цел да преговараат за потенцијална соработка. Затоа што на крајот на годината ќе се отвора еден од најголемите трговски центри на Балканот, за пр пат во Србија ќе се најде и овој прочуен моден бренд. Тоа беше причината да ја побараат Анастасија со цел да преговараат за потенцијалната понуда, таа да биде нивното заштитно лице“, вели изворот кој е упатен во целиот случај.

„Бидејќи се работи за годишна кампања, веќе по посетата на нивната централа и првиот состанок, челниците на модната компанија веднаш сфатија дека постои голема можност за соработка. За време на престојот во Париз Анастасија направи направи пробен сет  фотографии, кои ќе бидат само прв дел од тоа што следи. Соработниците од модната куќа беа задоволни што за српскиот пазар го пронајдоа амбасадорот кој го бараа“, вели изворот.

Анастасија засега се нема огласено со коментар за причините на својата посета во главниот град на Франција. Како што нагласува изворот, таа потпишала договор според кој не смее да зборува за оваа соработка, во спротивно ќе мора да плати висока оштета.

Scroll to Top