„Секако дека кога бев млада сето ова ми сметаше и не го разбирав во целост. Особено тоа што мама никогаш не одговараше на прозивките во весниците. Постојано ја прашував: Зошто не ме браниш? Со годините, како што пораснав и созреав, сфатив дека токму во тоа лежи нејзината големина и дека таа сето тоа го поднесува како дама, господски и точно го прави она што треба да го прави“, изјави Анастасија за емисијата „Ексклузивно“.