Анастасија Ражнатовиќ открива како ги избира момчињата и што би променила на себе

Ќерката на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, се најде во британското издание на престижното модно списание „Вог“ (Vogue) и последните години е сè повеќе присутна во медиумите и сè почесто ја гледаме во разни кампањи поради што полека но сигурно иде по стапките на мајка ѝ и  станува една од најатрактивните српски личности.

Токму на таа тема новинарите поразговараа со популарната Анастасија, која ни самата не криеше дека е воодушевена што токму таа е заштитното лице на познатиот српски моден бренд, а благодарение на таа соработка успеала да стигне рамо до рамо со холивудската ѕвезда Никол Кидман.

„Се чувствувам сјајно, чувството е прекрасно. Пред сè, горда сум на себеси и целиот тим и соработката со овој бренд. Воодушевена сум, но и понатаму сум во шок“, вели Анастасија, која по овој повод е на сигурен пат кон светската слава.

Какво е чувството да се најдеш во „Вог“? Дали како мала фантазираше за тоа или за некои други работи?

„Не можам да кажам дека некогаш сум мислела дека ќе стигнам до овде, не сум ни помислила дека професијата ќе ми биде моделството, но ете, патот ме наведе на тоа и се случи. Кампањата е светска и заслужува да биде во светското модно списание. Секогаш тежнеев кон тоа да се занимавам со професијата на мајка ми, да бидам пејачка, но ова некако, да кажам, нè попречи. Ја сакам модата, тоа ми беше повеќе како хоби, пеењето ми беше примарно“, признава Анастасија.

Што вели Цеца на тоа?

„Таа, се разбира, беше воодушевена и пресреќна како и јас, и ми дече дека е горда на мене, дека тоа е многу голема работа и дека е одлично“, вели Анастасија и додава дека е време да се опушти пред камерите иако тоа не било случај на почетокот.

Освен тоа, вели дека пред сите е културна, како и дека од мајка си во претходните неколку години научила што треба да зборува пред камерите, а што не.

Бидејќи за изгледот на Анастасија во последните неколку години се зборува многу, новинарите ја прашаа што за тоа таа мисли, дали се смета за убава или, пак, мисли дека има некои маани.

„Во пубертетот се здебелив дваесет и нешто килограми и целосно се изобличив, и тогаш не бев задоволна со својот изглед. Тоа ме држеше сигурно две-три години и тогаш одлучив дека не сакам повеќе така да изгледам. Почнав да се хранам здраво и да тренирам. Станав сè позадоволна со својот изглед и сега целосно сум задоволна“, вели Анастасија Ражнатовиќ.

Дали би менувала нешто на своето тело сега?

„Би сменила можеби три килограми доле, поради тоа што се здебелив за време на празниците, но ништо драстично, генерално сум задоволна“, одговори Анастасија.

Ќерката на фолк-ѕвездата е задоволна со физичкиот изглед и со својот емотивен статус, а како и досега, љубовниот живот не сакала да го коментира. Сепак, вели дека за брак засега не размислува затоа што смета дека ѝ е сè уште рано.

Дали момчињата ти приоѓаат затоа што си ќерка на Цеца, и како проценуваш на кого навистина му се допаѓаш, а кој ти приоѓа од други причини?

„Тоа е многу тешко. Се разбира ми приоѓаат затоа што сум ќерка на Цеца и затоа што сум во медиумите, и ете затоа што сум популарна (се смее). Не знам, просто или го имаш тоа во себе да можеш да процениш или го немаш. Јас ја имам таа среќа да имам добра проценка на луѓето и да знам кој е тука поради мене, а кој поради некои други причини“, вели Анастасија.

Што се однесува до идните планови, Анастасија вели дека посакува да ја има својата прва песна, а сигурни сме дека и нејзините бројни фанови го посакуваат тоа. За тоа кога ќе ја објави песната, еве што изјави Анастасија:

„Јас се надевам наскоро, и многу би сакала и мислам дека сум подготвена да тргнам во тие води, но не сакам да снимам нешто без врска, туку нешто навистина квалитетно и одлично.

И за крај, новинарите ја прашаа дали е горда на тоа што самата заработува пари?

„Се разбира дека сум горда на тоа. Не би сакала да влегувам во цифрите, но горда сум секако затоа што отсекогаш сум сакала да имам свој динар, да не барам пари од мајка ми, и затоа сакам да се занимавам со пеење, се разбира и затоа што ја сакам музиката, но секако е убаво кога знаеш дека нешто со твојата работа е заработено“, објаснува ќерката на Цеца.

Кога ќе видиш дека некого не го интересира финансиската страна, дали го одбираш за пријател или момче?

„Се разбира. Мене тоа дефинитивно не ми е најважно и сите кои ме познаваат и кои ми се блиски го знаат тоа. Не можам да се дружам со некој кој има поинакви морални и животни вредности од мене затоа што просто не иде“, заклучува Анастасија.

 

 

 

 

Scroll to Top