Анастасија Ражнатовиќ сака да е невидлива

Анастасија, ќерката на фолк-ѕвездата Цеца Ражнавовиќ, вели дека го носи товарот наречен „дете на познати родители“. Таа признава дека популарноста што ја има заради славната мајка понекогаш не ѝ годи.

„Сакам да сум невидлива во некои моменти. Со години сум во центарот на јавноста и понекогаш само сакам да се одморам, да бидам нормална девојка и да се опуштам со своето друштво. Свесна сум дека мојот жиот е таков заради моите родители, се навикнав на тоа медиумите постојано да ме следат, ама убаво би било понекогаш да не е така“, рекла Анастасија во интервју во емисијата „Гламур“.

 

Scroll to Top