Анастасија Ражнатовиќ слави 25. роденден, Цеца и честиташе со емотивно видео

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ денеска го слави 25. роденден. Ова е прва година пејачката роденденот да го прослави надвор од својот дом. Таа во моментов живее во Шпанија, Севиља со нејзиниот свршеник фудбалерот Немања Гудељ со кој ќе добие ќерка.

Нејзината мајка, Цеца Ражнатовиќ преку емотивни видеа на Инстаграм на кои Анастасија е бебе и го честиташе роденденот на Анастасија.

Видеата прикажуваат делови од животот на пејачката, од раѓањето до денес. Во едно виде се гледа како го прославувала роденденот како мала.

Цеца неодамна престојуваше во Севиља со внукот Жељко Ражнатовиќ. Преку социјалните мрежи таа покажа дека ужива во обиколката на градот со ќерка си Анастасија.

„Го чекам моето трето внуче. По вториот внук Крстан ја чекаме принцезата на Анастасија и Немањина и навистина се радуваме. Кај нас прв дојде Жељко. Нема ништо поубаво во семејство од раѓање деца“, изјавила неодамна Цеца за „Блиц“.

Scroll to Top