Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца, ги сними својата прва песна и спотот за неа во Скопје. Песната се вика „Совршен пар“, а музиката, текстот и аранжманот се на Дарко Димитров.
Неодамна фолк-ѕвездата на својот инстаграм-профил објави фотографија дека е во Скопје кога всушност било и снимањето на видеото на ќерка си Анастасија.
„Мораше да мине одредено време и да се стекнат сите услови за објавување на мојата прва песна. Првенствено јас требаше да бидам сигурна дека сакам да се впуштам во нешто што со години го посакував. Се гордеам на некои настани од мојот живот што ги искористив и ги преточив во текстот на песната. Сега останува публиката да одлучи дали песната ќе им се допадне или не“, рекла Анастасија.