Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк пејачката Цеца е шеста личност од Србија која ја следат повеќе од милион луѓе на социјалната мрежа Инстаграм.
Анастасија се најде на листата на најгледани Срби, а таа е убедливо најмладата личност со толку многу следбеници од оваа земја. Српските медиуми пренесоа дека и “таа е сега во екипата на Новак Ѓоковиќ (кој има 7,3 милиони следбеници) и Милош Биковиќ (1,9 милиони следбеници) “. Ражнатовиќ го активираше својот Инстаграм профил на 24 јули 2012 година.