Андреја откри каква мајка е Вики Миљковиќ

Пејачката Вики Миљковиќ и сопругот Ташкет го имаат синот Андреја. Тој ја придружуваше мајка си на снимањето на нејзиниот нов спот. Андреја пред камерите откри дека неговата мајка не е строга, но понекогаш знае да го казни.

„Мене мама ме казнува со тоа што вели ‘не смееш да играш со другарчињата еден месец’ или ‘не смееш да гледаш телевизија’, но ретко имам казни. Само имам казни зошто одам со германско училиште, а таму најдобра оценка е единица, па ако добијам тројка, тогаш добивам и казна. Но не е строга мама“, откри Андреја во емисијата „Премиера“.

Вики се обидела да го замолчи за да не открие многу, но додека изреагирала, Андреја разговарал со новинарите.

Scroll to Top