Андрија Милошевиќ стана татко, славеше до зори и постави обезбедување пред ресторанот

Минатата недела црногорскиот актер Андрија Милошевиќ и неговата свршеница Александра Томиќ станаа родители. За раѓањето на синот Реља, актерот организира прослава, дури постави и обезбедување пред ресторанот. Според фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, гостите направиле џумбуш на забавата. Меѓу нив беа Саша Матиќ и Александра Пријовиќ, пренесуваат српските медиуми.

Во еден момент од прославата актерот одржа краток говор.

„Додека се раѓаат деца, за мене лично иднината е убава“.

За потсетување, актерката се породи со царски рез, а за време на бременоста се бореше со гестациски дијабетес за кој јавно проговори.

„Морам да се грижам за моите калории затоа што добив гестациски дијабетес за време на бременоста, кој се надевам дека е привремен. Велат тоа е вообичаена појава. Не би сакала да правам врева за тоа. Но, треба да се грижите за внесот на јаглени хидрати за да го намалите малку. Затоа морам малку да се грижам за да се чувствувам добро. Затоа што носам џинс. Јас сум мала жена, па сега кога не би се грижела за исхраната, веројатно би ми било уште потешко. Второ, по породувањето, морам веднаш да се вратам во театар“, изјави Александра во една пригода.

Scroll to Top