Арапи и понудиле на Неда Украден 300.000 евра за нејзината куќа – Ги откачила со една реченица

Бизнисмени од Обединетите Арапски Емирати сакаа од Нада да ја купат нејзината куќа во Лететанима.

Пејачката, се шокирала кога на вратата и се појавиле бизнисмени од Обединетите Арапски Емирати, кои наводно и понудиле 300.000 евра за нејзината куќа кај Тивта.

Кога се опоравила од изненадувањето, Неда ја сослушала понудата од Арапите и глатко ги одбила.
„Неда била во дворот кога тројцата и заѕвониле на вратата. Ја прашаа дали зборува англиски и веднаш и рекле дека имаат одлична понуда за неа и ја замолија да поразговараат во нејзиниот двор. Бидејќи Украден неодамна ја реновираше куќата и ја среди градината, тие биле воодушевени од сликата.
Неда ги понудила со пијалок, но не сакале ништо, само нејзиниот потпис на договорот од 300,000 евра! Толку беа подготвени да веднаш дадат толку пари за нејзиниот мал рај во Бока Которска“, вели извор близок до пејачката и додава:

„Ми објасни дека тоа е нејзиниот втор дом и нешто што ќе остави на своите внуци. Буквално им рекла дека ги немаат тие пари, за кои би ја продала куќата“.

На крајот, Арапите сакаа да ја подигнат цената, но Неда не попуштала и веднаш се откажале. Но, и ја оставија визит картата… за секој случај.

Scroll to Top