Аца Лукас на својот инстаграм-профил објави роденденска честитка за својата постара ќерка Милјана Вуксановиќ, која наполни 26 години.
Популарниот фолкер ќерката Милјана ја доби во првиот брак со сопругата Светлана, а освен неа и најмладата ќерка Викторија од бракот со Соња Вуксановиќ, има уште два сина.
„Моја убавице Милјана, среќен 26. роденден“, напиша Лукас под заедничката фотографија со ќерката Милјана, која не се експонира премногу во јавноста и работи како шминкер во „Гранд продукција“.
Гледајте едно од неодамнешните интервјуа на Аца Лукас на следниот линк: