Аца Лукас: Господа, зошто јас морав во притвор, а Лука Лазукиќ не мора?!

Соња Вуксановиќ на 2 септември 2017 година го пријави својот тогашен сопруг, српскиот фолк-пејач Аца Лукас, во полиција дека ја претепал по вербалната расправа што ја имала со него. Соња нешто подоцна завршила на Ургентниот центар, каде што тврдела дека има видлива повреда на ногата. Од друга страна, Аца Лукас тврдел дека во тие моменти не ја допрел сега за сега сѐ уште неговата законска жена и дека таа е што фрлала со предмети од кујната по него.

Сепак, Лукас на 3 септември во Третото основно јавно обвинителство ја признал вината сѐ со цел, како што тој самиот вели, да биде пуштен на слобода наместо во притвор, каде што требало да биде додека не започне судењето.

Но, откако Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, бил пуштен да се брани од слобода веднаш по сослушувањето во полиција, Лукас се прашува во што е разликата помеѓу нив двајца, освен фактот што фолк-пејачот, како што и понатаму тврди, не ја допрел својата сопруга Соња.

„Како е можно да има двојни аршини. Во мојот случај, за кој јавноста добро е запознаена и за кој тврдам пред Бога дека ја немам допрено мојата сопруга, туку сум класично наместен, јас добив притвор од 30 дена, а сега за Лазукиќ нема ништо“, прашува Аца Лукас.

Кога давав изјава во полицијата, буквално ми беше соопштено: од Третото обвинителство е добиен налог и се инсистира Аца Лукас, Александар Вуксановиќ, да мора да добие притвор од 30 дена!

– Ги прашувам обвинителството и судиите и сите претставници на судот и сите правници во оваа земја: Која е разликата меѓу мене и Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, за тој биде пуштен да се брани од слобода, а јас морав да ја признам вината што ја немам затоа што тоа беше единствената можност да не завршам во притвор во Централниот затвор“, вели Лукас.

„Разлика, за волја на вистината, има! Неговата сопруга има видливи повреди, а мојата немаше ништо, дури и различните искази што ги давала и според кој можеше да се утврди дека сум невин, нешто што во подоцнежниот судски процес и се докажа! Но, вината бев принуден да ја признам затоа што тоа ми беше единствената алтернатива. Дали за мене важат други закони? Дали некој мисли дека ќе дозволам некој да ме дискриминира на овој начин?! Јавно поставувам прашање до господата од Третото обвинителство и ветувам дека на ова нема да завршам! Кој го издаде налогот во обвинителството, подобро речено наредбата, јас по секоја цена да морам да завршам во притвор? Имам сознанија дека се вршело притисок и врз полицијата. И зошто тогаш сега и Лука Лазукиќ не е во притвор или веќе осуден како што бев јас?!“, прашува Лукас.

„Ги прашувам сите политички фактори во оваа земја. Дали постојат луѓе за кои законот е остар и за оние за кои е помалку остар? Ги прашувам властите во оваа земја: Дали ќе дозволите во обвинителството да седат луѓе што одредуваат законски мерки не според законот туку според личниот анимозитет?! Ветувам дека вистината ќе ја истерам до крај! Ова е срамота, ова е чиста дискриминација! Бидете сигурни дека ќе се борам до крај да дознам врз која основа јас сум брутално дискриминиран, господа од Третото обвинителство!“, изјавил Аца Лукас.

 

 

Scroll to Top