Аца Лукас и Милица Павловиќ снимија дует

By

Милица Павловиќ и Аца Лукас снимиле дует „Кидаш ме“И Аца Лукас и Милица Павловиќ проговорија за своите односи и признаа дека ваквиот однос може да прерасне во нешто повеќе.

dobivaj vesti na viber

Милица и Аца, како што самите велат, си ги препознале сродните души, а односот што е полн со разбирања и почит ги довело до меѓусебна соработка.

Аца Лукас се присетил на периодот кога Милица се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“.

„Се сеќавам кога бев во жирито во ‘Ѕвездите на Гранд’, Милица беше еден од натпреварувачите и поради тоа што отсекогаш отворено зборувам, тогаш ѝ реков што навистина мислам за неа: Види, ти не си некоја посебна пејачка, тука има многу натпреварувачи што имаат значително подобри вокални квалитети од тебе, но ти имаш некоја посебна енергија, зрачиш за да бидеш голема ѕвезда. Тоа и се случи, само што таа во меѓувреме стана и одлична пејачка затоа што многу работела на себе“, изјавил Аца Лукас.

Милица вели дека и двајцата често се среќавале на настапи и на аеродроми, каде што го граделе односот.

„Како што се запознававме подобро, така нашите приказни отидоа во сосема друг правец. Во последно време најчесто зборувавме за животот, ситуациите што ни се случуваат, луѓето што нѐ опкружуваат. Генерално, разговараме за сето она што го зборуваат луѓето што одлично се разбираат“, вели Милица, која истакнала дека деловната соработка многу ги приближила.

„Сега ги здруживме силите и станавме партнери. Токму поради оваа соработка во последно време сме во секојдневен контакт. Се слушаме по неколкупати дневно за да ги усогласиме сите планови и идеи, што се однесува до нашиот однос“, признава Павловиќ.

„Нашиот однос стана поблизок, но јас и претходно ја сакав Милица и ја поддржував во сѐ што работи. Ние сме стари другари и секогаш кога ќе се видевме, разговаравме на многу теми“, објаснил Лукас.

На прашањето дали веруваат во љубов што настанала од пријателство, и двајцата одговориле потврдно.

 

 

Ќе ви се допадне