Аца Лукас ги тужи Неда Украден и жирито за поразот на Беовизија

Аца Лукас ја тужи Неда Украден и останатите членови во жирито поради поразот на Беовизија, пишува српски Блиц. Тој покрај жирито планира да го тужи и генералниот директор на РТС, Драгана Бујошевиќ и уредничката на Забавната програма на Јавниот сервис на Србија, Оливера Ковачевиќ.

Пејачот во тужбата навел дека Жељко Васиќ, Тијана Милошевиќ, Уна Сениќ, Владимир Николов и Неда Украден не гласале за него од лични причини и несогласувањата кои постојат кои ги има со Драгана Бујошевиќ.

„Немам коментар. Како да ја коментирам тужбата на човек на кого само јас ум дадов гласови, а не дадов ниту еден на победничката“, рече Неда Украден.

Останатите членови исто така рекоа дека биле изненадени од тужбата. Уредничката Ковачевиќ откри дека „РТС“ ќе биде таа што ќе го тужи пејачот.

„’РТС’ и јас ќе го тужиме Лукас. На овој начин ќе му овозможиме на суд да ги докаже неговите тврдења. Во прашање се лаги, клевети и тоа ќе биде откриено пред судот. Се радувам апсолутно што работите ќе се утврдат пред институцијата која ќе ги разгледа сите факти“; рече Ковачевиќ.

 

За потсетување, пејачот реагираше по завршувањето на Беовизија и неговото петто место. Тој рече дека можеби ќе победел ако си ги миел нозете на сцената.

Scroll to Top