Аца Лукас ќе тужи, победата на Констракта била наместена

Српскиот пејач Аца Лукас е убеден дека победата на Констракта на „Беовизија“ била местенка. Тој уште во финалето на изборот за песна на Евровизија, рече дека ќе презентира докази, а сега на „Инстаграм“ објави и фотографија од победничката Констракта со членот на стручното жири Уна Сениќ. Тој тврди дека тие две се најдобри другарки и затоа Уна ѝ дала 12 поени.

„Како што реков, сè е откриено! Најдобри другари. Едната членка на жирито е Уна Сениќ, а другата е ‘чиста уметница’. На сликата уште им недостасува валканата уредничка“, напиша Лукас на сликата, алудирајќи на Оливера Ковачевиќ.

Тој во интервју за српските медиуми најави дека ќе поднесе кривични пријави против генералниот директорот на јавниот сервис Драган Бујошевиќ и уредничката на РТС, Оливера Ковачевиќ. Тој вели дека во прашање се украдени СМС-гласови кои требало да бидат наменети во хуманитарни цели.

„Како граѓанин на Србија, нема да се смирам додека не ги видам како излегуваат од зградата на мојата национална телевизија, бидејќи таа е и моја колку што е нивна“, изјави Аца за „Информер“.

Scroll to Top