Аца Лукас на коцка изгубил 70 милиони долари: Прокоцкав цела населба во Белград

Српскиот пејач Аца Лукас  изгубил повеќе од 70 милиони долари на коцкање. Но, како што вели пејачот не жали за тоа бидејќи тоа биле негови пари.

„Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои клучни грешки. Ако се убиев, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум. Некои ми велат дека сум го прокоцкал станот во Белград. Прокоцкав цела населба во Белград. Една населба, најскапата. Ама добро, што ќе правиш, тоа сум јас. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се што треба да имаат“, раскажал Лукас за српските медиуми.

Scroll to Top