За време на хаосот низ кој минува поради скандалот со Соња Вуксановиќ, Аца Лукас направи жур со најблиските пријатели и соработници!
На Аца очигледно му е потребно малку да се одмори, па организира дружење, а ако се суди според сликите, екипата и тоа како добро се забавуваше.
Тука беа Ацо Пејовиќ, Цеца Ражнатовиќ, сестра ѝ Лидија, како и Вики Милијковиќ и Жика Јаксиќ.
Но, за две работи зборуваат сите. Првата е коментарот што Аца го стави на фотографијата со Цеца и Пејовиќ – „И во добро и во зло! – Секогаш!“, напиша Аца Лукас.
… а покрај фотографијата на Цеца напиша „Мојот омилен ГАД!“