Аца Лукас однесен со брза помош, извршители на врата, уцени и долгови

На фолк-пејачот Аца Лукас (52) пред три дена му дошле извршители во станот да му го наплатат  долгот што го има кон Дејан Поповиќ – Тигар. Лукас наводно имал стрес поради ова, па реагирала брзата помош, а сега одлучил да ги каже деталите во јавноста. Дејан Поповиќ – Тигар, вели Аца, направил малверзација. „Кај мене сè е транспаренто. Може сè да ми земат… Зеленашки долг е во прашање. Ми се слоши. Притисокот ми скокна наеднаш“, рекол Лукас во емисијата „Твит хит“.

И додал: „Сите знаат дека многу заработувам, дека сум коцкар. Нам пејачите секој ќе ни даде бидејќи знаат дека многу заработуваме и можеме да ги вратиме. Зборував за заем од зеленашите. Никој не ве влече за уво да земате пари. На тој човек прекарот му е Тигар, онака претенциозно. Ми позајми 40.000 евра. На десет месеци, толку. Потпишав дека сум зел 80.000, го заверивме во суд бидејќи е противзаконски она што го направивме. Му ги вратив парите по извесно време“, додал Лукас.

„Со тек на време односите ни се заладија. Подоцна дознав дека ме тужи за овие пари, донел некој сведок кој тврди дека исказите на Тигар се вистинити. Наеднаш добив пресуда. Тие пари никогаш нема да ги дадам, еве кажувам. Нема да ги дадам, па макар и да ме убијат. Имам и јас сведок, имам многу сведоци, ќе се бориме на тој начин. Ова што ми се случува е изнудување“, вели пејачот.

Scroll to Top