Аца Лукас приведен во полиција

Српскиот пејач Аца Лукас минатата ноќ бил приведен во полициска станица. Oткако го запрела полиција, му направиле алко-тест кој покажа дека тој има 0.95 промили алкохол во крвта.

„Да, приведен сум, имав малку повеќе алкохол во крвта. Имав 0,95 промили. Бев во полиција, тие си ја работеа работата. Како и секој друг граѓанин, нема разлика. Лага е дека сум се обратил со грди зборови на полицијата“, изјавил Лукас и додал: „Ја поддржувам работата на полицијата. Ќе одам кај судијата и сигурно ќе добијам казна. Не правам разлика меѓу другите граѓани и себе“, рекол Лукас.

Scroll to Top