Аца Лукас, Саша Поповиќ и Бојан Рајовиќ се простија од Синан Сакиќ

By

Легендарниот пејач Синан Сакиќ починал на 1 јуни во раните утрински часови во семејниот дом.

Од него преку социјалните мрежи се простиле голем број на колеги, меѓу кои и Аца Лукас, Бобаб Рајовиќ и Саша Поповиќ, кои се огласија преку своите ПР служби.

„Многу сум тажен поради заминувањето на Синан. Навистина нанадоместлив губиток за сите нас кои соработувавме со него, за неговите почитувачи, музичката сцена воопшто. Искрено сочувство до семејството“, порачал Поповиќ.

„Почивај во мир, драги пријателе“, порачал Лукас.

„Почивај во мир, легендо“, биле зборовите на Бобан Рајовиќ, а и двајцата пејачи објавиле фотографии од Синан.

Синан и Рајовиќ биле блиски пријатели, а заедно соработувале затоа што Сакиќ издавал песни за издавачката куќа на Бобан.

 

Ќе ви се допадне