Аца Лукас се степал со девојката

Аца Лукас предизвикал скандал во познат хотел во Будва, откако се степал со девојката Николија Нина Лачевиќ, пишува српски „Телеграф“. Лукас и девојката наводно се гледале една година, но само во Црна Гора, бидејќи неа ѝ бил забранет влез во Србија. По расправијата со пејачот, Николија поднела кривична пријава против Лукас, а за медиумите рекла дека е „големо ѓубре“.

„Бидејќи Лукас се однесуваше нечовечки кон мене, сакам да објаснам што се случи. Тој допатува кај мене пред Божиќ и заедно бевме на неговиот настап во Никшиќ. Другиот ден отидовме во Будва. Сè беше во ред до моментот кога требаше да се тргне на тој настап. Не му се работеше, па му реков: ‘Ајде, не можам јас да пеам наместо тебе’. Беше нервозен зашто го болеше желудникот, а и јас бев малку нервозна зашто не сакав да одам, но тргнавме и дојде време да почне да пее. Во паузите ми приговараше дека сум премногу сериозна и дека не гледам во него додека настапува“, рекла таа.

Николија открила дека караницата која завршила со тепачка меѓу нив почнала по настапот на Лукас.

„Кога се вративме во хотелот ми рече дека поради вакви работи се карал со сопругата и дека не сака историјата да му се повторува. Го потсетив дека тој ми се јави мене, а не јас нему, па почна да вика. Му реков да го намали тонот. Тогаш ме турна и паднав покрај наткасната крај креветот. Продолживме да се караме и да се удираме еден со друг. Нему одеднадеш толку му се слоши што почна да му излегува пена на устата. Се исплашив да не добил епилептичен напад, па му дадов газиран сок да се напие. Дојде полиција, а јас во станица реков дека само се каравме, бидејќи ме молеше да не го обвинам, зашто веќе имал проблеми со насилство. Не сакав да останам со него, па се вратив во Подгорица. По пат повраќав, па отидов директно во болница“, рекла таа.

Николија рекла за „Телеграф“  дека подоцна сепак се предомислила и решила да поднесе кривична пријава против Лукас.

„Тоа и го заслужи, зашто испадна големо ѓубре. Немаше потреба да се влечеме по подот и да доаѓа полиција. Се караме и мириме цела година, но јас веќе нема да ги трпам неговите будалаштини“, додала таа и рекла дека сега ќе чека судска разрешница.

Scroll to Top