Аца Лукас и Соња Вуксановиќ и понатаму се во жижата на јавноста поради бурниот развод, но и валканиот веш кој еден на друг почнаа да го изнесуваат во јавност.
Лукас неодамна приреди журка на која беше и една од најголемите фолк ѕвезди Цеца Ражнатовиќ, со која фолкерот, како што е познато, е во одлични односи.
„Соња постојано плукала по Цеца. Да не беше оној маченикот Жељко Шашиќ, кој ја собра од Леверкузен, и да не беше со мене во брак, и денеска ќе чекаше пред некоја дискотека во тој град, за да таа иста Цеца и јас и дадеме автограм“, изјави Лукас за „Информер“.