Аца Лукас: Соња ја мрази Цеца, а да не бев јас ќе чекаше пред дискотека за автограм

Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ се многу блиски пријатели, но Соња наводно константно се обидува да ги скара поранешниот сопруг и пејачката.

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ и понатаму се во жижата на јавноста поради бурниот развод, но и валканиот веш кој еден на друг почнаа да го изнесуваат во јавност.

Лукас неодамна приреди журка на која беше и една од најголемите фолк ѕвезди Цеца Ражнатовиќ, со која фолкерот, како што е познато, е во одлични односи.

 

Од друга страна, тоа не е случај со неговата, сеуште законска сопруга Соња, затоа што, како што тврди Лукас, таа за Цеца никогаш немала убаво мислење и секогаш оговарала пред нив. Освен тоа, со години се обидувала да ги скара, но безуспешно, додека Цеца, сопругата на Лукас секогаш ја почитувала.

„Соња постојано плукала по Цеца. Да не беше оној маченикот Жељко Шашиќ, кој ја собра од Леверкузен, и да не беше со мене во брак, и денеска ќе чекаше пред некоја дискотека во тој град, за да таа иста Цеца и јас и дадеме автограм“, изјави Лукас за „Информер“.

 

Scroll to Top