Аца Лукас спрема емисија, пејачот ќе стане водител

Српскиот пејач Аца Лукас ќе стане водител. Додека е во изолација тој ја подготвува својата емисија. Заради емисијата, Лукас планира да ги откаже и настапите до крајот на годината.

„Емисијата што ќе ја водам е моја измислица. Мислам не е измислица, туку класично шоу. Ќе биде малку поконкретно од сето она што го гледаме сега. Ќе се вика ‘На гости кај Аца Лукас’ и ќе доаѓат најразлични луѓе, актери, спортисти, доктори, а најмалку пејачи. Ќе се снима во мојот стан“, рекол Лукас во инстаграм ток-шоуто „Во четири ѕида“.

Пејачот открил и дека седењето дома му е тешко, но и дека има фобија од фразата „останете дома“.

„Имам фобија од реченицата ‘останете дома’, уште од времето кога бев женет. Постојано ми зборуваа: Остани дома. Не можам да го пуштам телевизорот и да слушам дека треба да се седи дома, имам траума од тоа“, додал тој.

Scroll to Top