Аца Лукас во новата книга ќе открие со кои од старлетите бил во врска

Аца Лукас годинава ќе објави нова книга во која ќе ги открие имињата на сите старлети и девојки од јавната сцена со кои бил во врска. Ќе открие и други приватни детали од неговиот живот.

„Конечно ќе излезе вистината за неговиот љубовен живот. Сите авантури и врски за една ноќ. Лукас никогаш не се криеше од јавноста и често се појавуваше на насловните страни во магазините. Беше со голем број анонимни девојки, старлети, пејачки. Некои и јавно тврдеа дека се заедно и зборуваа за тоа каков бил во кревет. Сега ќе биде вистинска медиумска бомба ако открие некои имиња. Но, Лукас знае да биде џентлемн и никогаш нема да ги загрози оние кои сега се во среќен брак и имаат деца“, рече извор близок до фолк пејачот.

За потсетување, Лукас напиша една автобиографија „Ова сум јас“ во која откри дека имал односи со анонимни жени. Напиша дека спиел со две сестри и адвокатка.

„Бев неколку пати со две сестри, како и со мајка и ќерка. Во една прилика бев и со адвокатка и нејзина пријателка од обвинителството“, напиша Лукас во книгата.

 

Scroll to Top