Ацо Пејовиќ го прослави 46. роденден

Фолк-пејачот Ацо Пејовиќ вчера го прослави 46. роденден. На забавата покрај семејството дојде и неговата идна кумашинка, пејачката Александра Пријовиќ. Таа објави фотографија со Ацо и со мајка си и на двајцата им го честиташе роденденот, кој им е во ист ден.

„Среќен роденден на мајка ми и на кумот. Ве сакам“, напиша Александра покрај заедничката фотографија.

Ацо, пак, објави фотографија од роденденската торта, подарок од неговите сестри.

„Роденденска торта од моите сестри Весна и Оливија. Ве сакам до небо“, напиша тој.

Scroll to Top