Заврши американската турнеја на Ацо Пејовиќ, а концертите беа распродадени уште пред да отпатува пејачот.
Снимките и фотографиите, како и зборовите на организаторите, како и на самиот Пејовиќ, кој не се обиде да го сокрие својот ентузијазам, сведочат за одличната атмосфера која владеела во секој град кој пејачот го посетил.
„Не ми е прв пат во Америка, но за прв пат не можам да издвојам град или концерт. Каде и да одевме беше фантастично“, изјави Ацо.
А градовите каде што се одржуваа концертите беа Чикаго, Детроит, Њујорк, каде го чекаше изненадување.
Имено, на концертот дојде и Жељко Васиќ, кој со своето присуство сакаше да му даде поддршка на колегата.
Очекувано, на покана на Пејовиќ се искачи на сцената.