Користењето на леталото што служи за службени патувања на претседателот на Србија, премиерот Ана Брнабиќ и министрите од владата е откажано затоа што минатата година биле надминати часовите на летање, пренесуваат медиумите.
„Државниот врв го ризикувал својот живот секој пат кога ќе требало да лета со владиниот авион ‘фалкон 50’, кој е стар дури 37 години“, предупредиле експертите.
Затоа итно е откажано користењето на леталото, кое досега служеше за службени патувања на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министрите.